По затворањето на продажните салони, избришани Фејсбук и веб-страницата на „Нефа мебел“

По затворањето на продажните салони на „Нефа мебел", денеска целосно отстранети се Фејсбук и веб страницата на компанијата која во Македонија и Србија имаше отворено неколку продажни салони.

„Нефа мебел" е српско-руска фирма што пред неколку дена ги затвори сите продавници во Македонија и Србија. Произведувач на мебелот што се продаваше во овие салони е руската компанија „Спилит".

Во Македонија „Нефа мебел" имаше десетина продавници во Скопје, Гостивар, Струмица, Велес, Прилеп, Битола и Тетово.

Максим Максимов, директорот на „Нефа мебел" во Србија, минатата недела ги информирал своите менаџери дека мора итно да замине во Русија заради технички преглед на автомобилот, пишуваат српските медиуми.

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе