Временска прогноза

По свежото утро денот ќе биде топол, на места и над 30 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец. Минималната температура е во интервал од 9 до 17, а максималната ќе биде од 24 до 31 степен. УВ=7. Според астрономскиот календар, денов трае 12 часа и 53 минути.

Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти на14, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 5 минути, а ќе зајде во 18 часот и 58 минути.

Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со благ пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе