На терен се антитерористички екипи

Блокада во центарот на Скопје, по пријава за поставена бомба се евакуира зградата на Македонска филхармонија

Поради дојава за поставена бомба се евакуира зградата на Македонска филхармонија во Скопје, дознава МКД.мк. Според информации од самото место, на терен се антитерористички екипи и се испитува дали се работи за лажна дојава или, пак, некој навистина поставил бомба во оваа зграда. Блокиран е целиот блок кај зградата. Од МВР за сега нема официјални информации. 

Вчера три лица беа приведени поради објава на два видеоклипа на платформата „Тик ток" во кои има лажни закани за можен терористички напад на еден трговски центар во Скопје. 

Откако биле објавени видеата, во акцијата се вклучиле повеќе сектори во МВР, како тој за борба против тероризам и секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, но и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Трите лица, од кои двајца се татко и син, биле лоцирани, а од јавен обвинител е добиена насока да се направи претрес во нивните домови.

Едно од лицата е 26-годишно момче од селото Студеничани додека таткото и 22-годишниот син се од Скопје. Во домот на таткото и синот биле пронајдени уредите преку кои тие ги објавиле лажните видеа, а синот во разговор со полицијата признал дека тој ги изработил и објавил.

Од МВР најавуваат дека ќе поднесат и кривични пријави против тројцата приведени.

(За пријавата кај Филхармонија следуваат поопширни информации со фотографии)

А.Д.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе