Несекојдневниот настан ќе има разрешница

По бркотницата по коњот што трчаше по автопат, пријава за неговиот сопственик

Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола трчаше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје, влечејќи и голема приколка на четири тркала. Несекојдневниот настан се случил вчера, а МКД.мк утрово објави видеоснимка од полициската потера по коњот, снимена од совозачот на еден камион што се движеше паралелно. До СВР Тетово ризичната случка на коњска запрега која се движи по автопат во спротивна насока ја пријавиле загрижени возачи на многу фреквентната автопатска делница. Оваа случка не се најде утрово во редовниот билтен на МВР.

Полициски возила со многу мака и по неколкуминутна потера успеале да го запрат коњот кој панично и брзо трчаше, заедно со својот товар, а за среќа не се случил судир со возила кои доаѓале од спротивната насока.

„Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега. Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово и против него ќе следува соодветен поднесок“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Инаку, во градовите, како и во Скопје, коњи со запрега кои се користат за работа се честа глетка и тоа не е невообичаена глетка за Македонија, иако е веројатно е незамисливо такво нешто во развиените европски држави. Уште помалку коњот да се експлоатира и измачува од нивните сопственици за работа.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе