Одговор на претседателот на отвореното писмо на О2

Пендаровски ќе биде гласен поддржувач на граѓанските иницијативи за заштита на животната средина

Со внимание ги разгледав вашите предлози за надминувања на загадувањето предизвикано од зачестените палења на депонии, пожари и оган на отворено. Се согласувам дека за сузбивање на овие појави, но и за решавање на прекумерното загадување е потребна координација и максимално залагање на сите вклучени страни, се вели во одговорот на претседателот Стево Пендаровски на отвореното писмо на О2 иницијативата упатено до него и до премиерот.

О2 информира дека Пендаровски проблемот со загадувањето на животната средина планира да го стави како точка на следната седница на Советот за безбедност и следствено ќе ја интензивира комуникацијата и координацијата со граѓанските организации кои делуваат во сферата на екологијата.

Како претседател се става на располагање да помогне во активностите, да биде гласен поддржувач на граѓанските иницијативи и своевиден мост за побрза и поефективна комуникација помеѓу надлежните институции и граѓанските организации, информираат од О2 иницијативата.

„Посебно нè радува што го почитува мислењето на граѓаните и најавува интензивирање на комуникацијата со граѓанските организации кои делуваат во сферата на екологијата. Тоа и го потврдува со покана за заедничка средба со сите потписници на отвореното писмо наредната недела. Искрено се надеваме на конструктивна средба и конкретни активности кои ќе следат, соопштија организациите од иницијативата О2.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе