Пламен и густ чад

Пехчево гори, повлечени се петте хеликоптери кои тргнаа да го гаснат големиот пожар, ќе чекаат да залади

Пет хеликоптери од кои два македонски и три српски кои директорто на ЦУК, Стојанче Ангелов ги најави дека се на пат кон Пехчевскиот регион и дека заедно, со сета сила, ќе удрат по големот пожар кој се заканува на околните села, се повлекоа. Ангелов на Фејсбук објави дека поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура.

“Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура. Хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени. Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место“, напиша Ангелов. 

Тој претходно објави дека пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно, со сета сила, ќе удрат по големот пожар кој се заканува на околните села.

„Без паника! Безбедноста на луѓето на прво место! Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се одалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат“, напиша претходно Ангелов. 

И градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски по штотуку завршениот состанок на Кризниот штаб на кој беа утврдени насоки на делување за справување со пожарот, кажа дека се преземени мерки и побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и во најскоро време треба да пристигнат два хеликоптери за гаснење на пожарот.

„Лоша е стуацијата со пожарот, бидејќи се префрли и дојде во делот над селата Робово и Умлена. Пожарот е високо на шумските предели над селата, но се шири на голема површина. На терен се екипи на ТППЕ од Берово и Пехчево, како и од Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС, а имаме насоки дека ќе добиеме поддршка од воздух, односно треба да пристигнат два хеликоптера. Исто така, имаме насоки дека ќе добиеме помош од соседна Бугарија од каде е испратена екипа со 25 луѓе", изјави Тренчовски.

Ако продолжи со исто темпо пожарот, додаде, и во текот на утрешниот ден имаме најва за дополнителни два хеликоптери за гаснење, како и помош од Словенија.

„Хеликоптерите треба да пристигна за неполни два часа и се надевам дека ќе успееме да го локализираме пожарот. Непристапниот терен и ветерот ја прават ситуацијата лоша, имаме луѓе на терен, а очекуваме да се вклучи и армијата", потенцира Тренчевски.

По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе