Патот Штип-Делчево повторно пуштен за сообраќај

Магистралниот пат Штип – Делчево помеѓу селата Балван и Крупиште е отворен за сообраќај, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Како што посочија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Богородица за излез се чека околу 30 до 40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево,“ се вели во соопштението. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе