Патот Кочани - Пониква ќе биде затворен за сообраќај од 11 до 16 часот

Поради одржување на меѓународен авто натпревар за ФИА-Централно Европска Зона (ФИА-ЦЕЗ) денеска патниот правец Кочани – Пониква ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 11до 16 часот.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, со умерен интензитетот надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе