Статистика

Пандемијата ги намали бројките на склучени и на разведени бракови

Поради пандемијата на коронавирусот и со воведувањето на вонредните мерки за заштита и годинава во земјава се бележи намалување на бројот на склучените бракови. Но статистиката покажува и намалување на стапката на разводи.

Склучувањето брак без правење веселба за некои граѓани не е прифатливо, за некои веселбата е небитна, а кај некои парови врз одлуката за склучување брак влијаело и чувството на несигурност, односно да се прави веселба во вонредните услови поради ковид-19.

За склучување брак во време на пандемијата се воведоа и протоколи. Присуството на гостите беше сведено на минимум со почитување на пропишаните мерки за заштита, како одржување дистанца, носење маски и дезинфекција.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2020 година, во споредба со претходната година, е намален за 25,6 отсто и изнесува 10.278.

Најмногу бракови, односно 1.423 или 13,8 отсто биле склучени во август, а најмалку во април – 162 или 1,6 отсто.

Статистиката покажува дека најчесто паровите стапувале во прв брак со учество од 94,1 отсто за жените и 92,8 отсто за мажите. Во втор брак со учество од 6,5 отсто и трет брак со учество од 0,6 проценти, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Најголем број бракови – 3.380 или 32,9 отсто кај жените се случиле на возраст од 20 до 24 години, додека кај мажите од 3.780 бракови или 36,8 проценти во брак стапиле на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 29,7 години за младоженецот.

Според статистиката и бројот на разводите во 2020 година бележи намалување од 21,2 отсто во споредба со 2019 година и изнесува 1.569. Во текот на годината најмалку бракови 29 или 1,8 проценти се разведени во мај, а најмногу 199 или 12,7 отсто во јули.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во истата старосна група од 35 до 39 години, и тоа 278 или 17,7 отсто кај жените и 262 или 27,7 проценти кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи 324 или 20,7 отсто се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе