На локалните избори во Албанија

Пали Колефски го победи Едмонд Темелко и стана градоначалник на Пустец

Пали Колефски од Социјалистичката партија е новиот градоначалник на Пустец, општина со доминантно македонско население во Албанија, кој го порази досегашниот градоначалник Едмонд Темелко.

Колефски, според објавените резултати, освоил 1.505 гласови, односно 66,84 отсто, а Темелко, 859 односно 33,16 отсто од гласовите во општина Пустец. Со изборот на Колефски, по 12 години општина Пустец во која живеат најмногу Македонци, се враќа под раководство на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама

Темелко се кандидираше по четврти пат, а беше номиниран од Македонската алијанса за европска интеграција.

Колефски (39) родум е од Пустец, а живее во Корча, оженет и има две деца, а како дипломиран економист е вработен во Царинската испостава во Корча.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе