Подигнување на еколошктата свест

Пакомак повикува на селектирање на стакло - награда семе за цвеќе

Пакомак повторно ги  повикува граѓаните стаклото да не го фрлаат каде било, туку да го селектираат со цел тоа потоа да се преработи, а воедно да не се загадува животната средина. За сите кои ќе го контактираат Пакомак и соодветно ќе го селектираат стаклото ќе следува мал подарок.

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак" организира акција за собирање стакло. Целта на акцијата е да се создадат услови за целото население правилно да го одложува стаклениот отпад, елиминирајќи ја оддалеченоста на поединечните домаќинства од соодветните контејнери и олеснувајќи го процесот во корист на граѓаните, а за долготраен бенефит на околината.

Граѓаните треба само да се јават на телефонскиот број 072/ 26 66 26 во тек на работната недела, од понеделник до петок, и да остават свои контакт податоци, адреса и град на живеење, приближна количина на отпад за подигнување, телефонски број и лице за контакт.

„Во рок од 10 дена по добивањето на потребните податоци ќе биде изготвен детален план за подигнување на отпадот за што ќе бидете информирани. Не заборавајте да ги одложувате секојдневните стаклени амбалажи. На тој начин ќе бидете сигурни дека стаклениот отпад ќе заврши на рециклирање и ќе добие нов живот, наместо да заврши на депонија каде ќе стои неупотреблив со години, а неретко и опасен, односно стаклото да биде причина за пожар", соопшти Пакомак.
Како знак на благодарност за соработката, Пакомак ќе ги наградува граѓаните со семе за цвеќе. За најмалку две гајби тегли и шишиња или пак шест килограми стакло, Пакомак ќе подарува едно пакетче ароматични семиња за расад.

Граѓаните додека чекаат да бидат контактирани, можат да ги одложуваат тековните стаклени амбалажи во зелените контејнери во нивниот град.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе