Во местото се подготвувале оброци за над 1.000 деца

Пакети со масло за јадење, шеќер, сол, брашно... украдени од магацин на детска градинка во Велес

Повеќе од 10 пакети масло за јадење, околу 100 килограми брашно, зденки, сол, сирење, ориз, шеќер е украдено од магацинскиот простор на детска  градинка во Велес. Според полицијата се работи за градинската Димче Мирчев каде крадци го испразниле магацинот за храна кој служи за кујната која подготвува оброци за над 1.000 деца.

На ден 14 март, во СВР Велес е пријавено дека од детска градинка се украдени прехрамбени производи. Полицијата постапува по пријавата, а на местото е извршен увид. 

За кражбата на храна најверојатно се користело поголемо возило, а не автомобил бидејќи украдени се многу производи. Се трага по крадците кои внатре во магазинот влегле откако скршиле прозор.

Инаку деновиве по маркетите масовно се купува масло за јадење, шеќер, брашно... Граѓаните складираат резерви, а велат тоа го прават поради страв од економска криза која ќе доведе до немање на овие производи. 

Надлежните смируваат и апелираат да не се складираат резерви бидејќи прехрамбени производи ќе има. 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе