Пак помор на риби во Пчиња кај Доброшане

Помор на риби од вливот на реките Кумановка и Пчиња по течението кон Искрин мост, синоќа забележале кумановските рибари. Тие го пријавиле случајот во Државниот инспекторат за животна средина(ДИЖС), при што веднаш бил извршен вонреден инспекциски надзор на лице место.

„Во вечерните часови се земени повеќе мостри на вода од разни локации пред и по Пречистителна станица за третман на отпадни води во село Доброшане, а направена е и фото документација и видео снимки од страна на неколкуте присутни рибари. Директорот на ЈП ‘Водовод’ Куманово, кој беше присутен на локацијата, информираше дека е настанат краткотраен проблем со довод на електрична енергија околу 18 часот кога станицата не била во редовна функција“, соопштуваат од ДИЖС.

Мострите од вода се доставени до акредитирана лабораторија за животна средина, а врз основа на лабораториски анализи ќе се води понатамошна инспекциска постапка со соодветни мерки и санкции.

За само 20 дена ова е втор помор на риби во реките Кумановка и Пчиња. И тогаш беше извршен вонреден инспекциски надзор во Пречистителната станица за отпадни води во селото Доброшане со која стопанисува ЈП „Водовод“ во Куманово и во фабриката за преработка на зеленчук во селото Драгоманце во општина Старо Нагоричане, поради тоа што во водата беше испуштена виолетова течност во  реката во селото Драгоманце. Примероците од угинатата риба беа предадени на анализа на Државниот инспекторот за земјоделство.

Резултати од анализите сѐ уште не се познати за јавноста.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе