Оваа година е клучна во борбата со аерозагадувањето

Оваа, 2019-та е клучна година во борбата со аерозагадувањето, порача денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на одбележувањето на Денот без возила на фосилни горива.

„Предвидени се повеќе финансиски средства од Владата за справување со овој горлив проблем, но мора да постои волја и подготвеност кај сите чинители, а придонесот на општествено –  одговорните компании навистина е огромен“, рече Макрадули

На платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде присутните имаа можност да ја погледнат едукативната изложба на електрични автомобили, да имаат тест возење со електричен автомобил и да учествуваат на панел дискусијата за поттикнување на електромобилноста, се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев од каде порача дека сите треба да работи на полето на заштита на животната средина и дека секој од нас треба да носи одговорност

„Загадувањето е еден од главните проблеми во оваа држава по сите релевантни анкети. Општина Карпош е во процес на донесување на нов Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) кој нуди препораки и решенија и во делот на поттикнување на користење електрични превозни средства“, рече Богоев.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе