Ова не е паркинг – герила акција во Битола (ФОТО)

Жолти балони со натпис „Ова не е паркинг" беа поставени на автомобили кои узурпираат јавни површини во Битола. Станува збор за герила акција со која од надлежните се бара да ги ослободат тротоарите за пешаците.

 

Акцијата „Ова не е паркинг“ е посветена на узурпацијата на јавните површини во Битола. Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност. Иако Битола не е голем град, паркирањето на јавните површини и тротоари зема сѐ поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата сѐ почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола.

Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно општина Битола, МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе