Отворен конкурсот за наградата од ЕУ за истражувачко новинарство

Отворен е конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната Награда од ЕУ за истражувачко новинарство и на него може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година поврзани со слободата на изразување, владеењето на правото, транспаретноста, злоупотребата на моќта и основните човекови права и корупцијата и криминалот.

На конкурсот може да се пријават поединци или групи на новинари од печатените и онлајн медиуми, радијата и телевизиите со свои стории објавени на македонски, албански, на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците или на некој од странските јазици.

Рокот за пријавување е до 31 март годинава, а наградниот фонд за Македонија е 10 илјади евра од кои првата награда е 5.000 евра, втората 3.000 и третата 2.000 евра.

Координатор на активностите поврзани со конкурсот во земјава е Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство на Западен Балкан и Турција има за цел да ги истакне и промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција. Наградата е дел од проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“, администриран од Балканската истражувачка репортетска мрежа во партнерство со седум медиумски организации.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе