По сообраќајката кај Карпалак

Oткажани прославите по повод „Свети Трифун“

Општина Неготино и Кавадарци ги информираа граѓаните дека поради трагичниот настан кој ја потресе цела држава и прогласувањето на 14 и 15 февруари за денови на жалост се откажуваат сите планирани настани и активности по повод празникот „Свети Трифун.

 

Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на Општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба.

И Кавадарци ја откажа денешната манифестација по повод Свети Трифун. Кавадарчани може да присуствуваат на литургиите во храмовите и симболичното закројување, информираат од општината по страшната сообраќајка.

„Ова е голема трагедија за нашата земја, во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа. Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Кавадарци и граѓаните изразуваат длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените“, велат од локалната самоуправа.

Претходно, културно уметничките програми ги откажа и општина Демир Капија.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе