АМСМ

Отежнат сообраќајот на патиштата, забрани на неколку патни правци

Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица.

Во целосен прекин е патот меѓу селата Ранковце и Герман, а на неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила.

Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека забрана за камиони има на патот Прилеп-Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар, а на патот Тетово-Попова Шапка забраната е за камиони и за автобуси.

Забрани има и на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, Крива Паланка-граничен премин Деве Баир, како и крак Маврово-Дебар каде е забрането движење за тешки товарни возила со приколка. Тешки товарни возила не можат да се движат и на патот од Дебар кон Струга, а во спротивен правец од Струга кон Дебар нема забрана. 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе