Критики и препораки за условите уште во еден затвор во државава

Осудениците во тетовскиот затвор за бањање мора да се будни во 3 по полноќ оти само тогаш има вода

Сами си купуваат лекови, немаат психијатар, наместо по 2, шетаат на свеж воздух само 1 час, а вода имаат само од 3 часот по полноќ, немаат просторија наменета за посети. Во вакви услови затворски казни издржуваат околу седумдесетина осудени лица во затворот во Тетово.

Фото: Пиксабеј

Иако вкупниот капацитет на оваа установа е 53 лица, сепак кога во јули ги посети тимот на Хелсиншкиот комитет за човекови права таа бројка беше надмината, односно имаше 72 лица.

„Во казнено-поправната установа, во споредба со посетата во август 2020 година, затекнавме променети врати и прозорци во некои од собите, а за време на посетата во тек беше реконструкција на тоалетите. Мониторинг тимот беше известен дека со помош на донации, директорот на установата набавил нови душеци и постелнини за осудените лица. Во КПУ Тетово сè уште нема посебна просторија наменета за посети, а за време на нашата посета забележавме дека се поставени нови клупи и лулашки во дворот на установата каде што осудените лица може да остваруваат средби со своите блиски", забележал мониторинг-тимот на ХКЧП.

Шеталиштето на установата сè уште е празно, без нови реквизити за слободни и вокациски активности, па се користи само за прошетки.

Во делокругот на шеталиштето има просторија наменета за вежбалница, посебна просторија која осудениците ја користат за играње шах и како кафетерија, а и просторија за библиотека, којашто е слабо опремена со книги, за што тимот даде препорака да се контактира градската библиотека.
„Она што го утврди тимот како еден од недостатоците, е тоа дека во собата којашто служи за приемно одделение беа сместени 3 лица во приемно одделение, а 1 лице кое издржуваше дисциплинска мерка – самица.

Припадникот на затворската полиција и осудениците го информираа мониторинг тимот дека имаат само 1 час во текот на денот за прошетка, за што веднаш беше дадена забелешка до директорот на установата дека на осудените лица им следуваат 2 часа прошетка на отворено во текот на денот. До собата за приемно одделение во моментот на посетата се реконструираше друга просторија која треба да биде наменета за издржување на дисциплинска мерка – самица, со цел двете категории на лица да бидат одвоени", се додава во изготвениот Извештај.

Осудениците сместени во приемно одделение се пожалија дека се тушираат само еднаш во текот на неделата.

Директорот на установата го информира мониторинг тимот дека поради рестрикциите кои ги имаат со водата, некогаш вода има дури во 3 часот по полноќ што е причина осудениците да не се во можност да се тушираат повеќе пати во текот на неделата.

Осудениците беа известени за оваа околност, а на директорот му беше укажано да побара изјави од нив со кои тие се согласуваат да бидат разбудени во текот на ноќта како би можеле да се истушираат, додека да се реши проблемот со водоснабдувањето.

Здравствената заштита се обезбедува преку доктор кој е вработен со полно работно време во установата.

„Ординацијата на докторот е мала и служи како канцеларија на уште двајца други вработени во установата. Во разговор со докторот, мониторинг тимот доби информација дека во установата нема доволно медицинска терапија, а осудениците се приморани сами да ги купуваат потребните лекови. Докторот, исто така, го информираше мониторинг тимот дека осудените лица немаат здравствено осигурување, па имаат пречки во остварување на секундарната здравствена заштита. Во установата нема ангажирано психијатар, за што психијатарот од мониторинг тимот констатираше дека има голема потреба, имајќи предвид дека големиот број осуденици имаат потреба од континуиран и засилен психијатриски надзор. Најчесто оваа категорија лица само ад хок се упатуваат на интернистички преглед кај психијатар кога е итно и неопходно, од што произлегува дека нивното ментално здравје не се следи континуирано", е забележано во Извештајот.

Препораките кои се дадени се следниве:

-Министерството за здравство итно да преземе мерки за набавување медицинска терапија во установата и регулирање на здравственото осигурување на осудените лица

-Министерство за здравство да преземе мерки за ангажирање на
психијатар во установата

-Да се отвори нова просторија наменета за амбуланта, каде што докторот ќе може да ги прегледува осудените лица без присуство на други вработени, а со цел заштита на нивната приватност

-Да се реконструира уште една просторија наменета за издржување на дисциплинска мерка – самица како би можеле овие лица да бидат одвоени од лицата сместени во приемно одделение

-Да се реши проблемот со рестрикциите во водоснабдувањето

-Да се отворат работилници и да се опреми шеталиштето на установата како би можеле осудените лица да имаат можности за поквалитетни слободни и вокациски активности кои се особено важни за нивната ресоцијализација

-На осудените лица да им се овозможат 2 часа во текот на денот
за прошетка на отворено

-Да се опреми посебна просторија наменета за посети на
осудените лица. 

Казнено-поправната установа затвор Тетово беше посетен на 13 јули, годинава, од страна на мониторинг тимот во состав: Ина Џугуманова, Арбен Гудачи, Марија Костадиновска и Елисавета Секуловска.

Претходно објавивме и за лошите услови и критиките во затворот во Идризово. 

Поради немањето вода, често се оставаат купишта неизмиени садови по кои се собираат инсекти и муви и се шири смрдеа. Во затворот се служи само 1 конзерва риба за двајца, 1 мал јогурт по човек за 3 оброци, една чинија пире со 2 виршли за 4 лица...

Објавивме и за женскиот дел во затворот во Идризово, односно дека осуденичките немаат машина за перење алишта и облеката ја перат на раце.

Во врска со имунизацијата на осудени лица, објавивме дека затворот во Штип е првата казнено-поправна установа која што организира процес на вакцинација на осудени лица против ковид-19. 


К.Д.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе