Извештај на ХКЧП

Осуденичките во затворот во Идризово облеката ја перат на раце, а им фали и разговор со психолог

Тимот на Хелсиншкиот комитет за човекови права утврди недостатоци и во делот на здравствената заштита. Затворот во Идризово располага со два општи лекари, еден психијатар кој доаѓа во одредени денови, три медицински сестри и еден стоматолог. Медицинскиот персонал работи само во работни денови, во една смена, од 7:30 до 15:30 часот и е надлежен за обезбедување примарна здравствена заштита на сите осудени лица во КПД Идризово.

Психијатарот и психотерапевтот кои беа дел од тимот разговараа со само шест осудени лица сместени во зградата „Амбуланта“ од причина што установата имаше пропуштено да направи список на лица кои сакаат да се советуваат со психијатар/психотерапевт.

Во рамките на посетата, на петнаесет осудени лица им беше обезбедена директна правна помош во врска со определено правно прашање.

„Осудените лица генерално се жалеа на условите во установата, а најмногу за недостигот од вода. Со овој проблем осудениците се соочуваат речиси три недели поради што имаат потешкотии во одржувањето на хигиена, миењето на садови, чистењето на просториите и слично, што е голем проблем особено во период кога температурите се значително високи. Понатаму, дел од осудените лица се жалеа дека поради пренатрупаноста во установата спијат на под или на кревети во ходниците, некои по неколку седмици, а некои по неколку месеци“, се вели во Извештајот.

Во однос на храната, осудените лица имаат голем број поплаки дека храната е толку лоша, што се приморани да јадат само од пакетите храна кои ги добиваат од дома.

„Оние лица кои немаат финансиски средства да набавуваат храна од надвор или пак немаат блиски луѓе кои би им носеле храна, јадат од затворската храна, за која велат дека е ужасна. Тие се пожалија дека добиваат само по 1 мало кремче за доручек, 1 конзерва риба за ручек за двајца, 1 мал јогурт за сите 3 оброци во текот на денот и слично. Оние кои земаат храна од дома, стравуваат дека ќе им се расипе поради високите температури, а директорот на установата не им дозволува да си набават фрижидери, иако во некои одделенија беше забележано дека осудениците имаат фрижидери за храна. Сите оброци им се доделуваат наеднаш, а најчесто поради пренатрупаноста, осудените лица се приморани оброците да ги поделат на двајца. Дополително, лебот се доставува на влезот од 22 ходниците, на места кои имаат ниско ниво на хигиена и присуство на разни инсекти. Речиси сите осудени лица со кои разговаравме укажаа на проблемот кој го имаат со инсекти (тавтабити, бубашваби и слично) во собите за спиење, а голем дел од нив имаа и траги од убоди од инсекти“, додаваат во Извештајот од ХКЧП.

Дел од осудените лица се пожалија и за отежнатиот пристап до здравствена заштита, односно дека затворот не ја набавува потребната медицинска терапија или дека не можат да дојдат на ред да бидат прегледани од доктор, иако имаат поднесено писмено барање за тоа.

Посебното одделение во затворот во Идризово за жените кои издржуваат казна затвор функционира како посебен одвоен објект каде се сместени вкупно 66 жени. Во овој дел затворска казна издржуваат и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и екс специјалната обвинителка односно поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Во рамки на женското одделение функционира и воспитно-поправен дом за женски лица. За време на посетата 3 малолетнички беа сместени во установата.

 Во женското одделение е направена целосна реконструкција на вратите и прозорците и е поставена клабелска мрежа, а во тек е и постапка за реконструкција на подот.

„ Она што го нотираше тимот како недостаток, е нефункционалниот видеонадзор во одделението што е пречка за истражување на било каков случај на несоодветно постапување или тортура врз затвореничките кои во разговор со тимот се пожалија дека 23 командирките често употребуваат прекумерна физичка сила врз нив, им се обраќаат со погрдни зборови и слично. Осуденичките се пожалија дека им недостига разговор со психолог, како и повеќе слободни и вокациски активности, бидејќи освен гледање телевизија и прошетка во дворот, немаат начин како да го поминуваат времето. Како недостаток беше нотирано и тоа дека осуденичките немаат машина за перење и мораат својата облека рачно да ја перат. Изминатиов период Здружението „Жртва“ од Скопје во соработка со Управата за извршување на санкциите имплементира проект „Рехабилитација на жени затворенички“, финансиски поддржано од Цибика мобилитас, преку кои жените имаат можност неколку пати во месецот да посетуваат јога часови во рамки на установата. Ваквите активности се за поздравување бидејќи директно влијаат во процесот на ресоцијализација на осуденичките“, се дополнува во Извештајот за состојбата во затворите.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе