Апел до министерот Филипче

Осуден за тепањето на Села 4 месеци со крвави рани лежи на скопските клиники, лекарите не сакат да го лекуваат, тврди семејството

Стојан Павлески, обвинетиот за тепањето на Зијадин Села се наоѓа на Клиниката за трауматологија во Скопје и четири месеци лежи со рани без соодветна лекарска грижа.

За ваквата состојба неговото семејство испрати апел преку социјалните мрежи до министерот за здравство, Венко Филипче да го посети пациентот, кој како што велат од семејството на живот се распаѓа, а нема кој да го лекува. Редакцијата на МКД.мк телефонски контактираше со семејството од каде што добивме потврда за лошата здравствена состојба во која се наоѓа Павлески.

„Точно е, човекот се распаѓа поради негрижа на докторите, како и поради недостаток на средства за лекување. Примен е во болница откако беше претепан и фрлен на улица во Скопје пред 4 месеци. Од тогаш е на Клиника и никој не сака ниту да го преврзе, ниту да го лекува. Ние од семејството му ги санираме раните, а овде лекарите велат дека немаат ниту гази, ниту завои и сами да си купуваме. Непријатна миризба се шири од целото тело на овој човек, а никој ништо не прави. Нека дојде министерот да види што се случува во здравството", револтирано велат роднини на Павлески.

Според нив, Павлески по тепањето не прозборел, ниту е во свесна состојба. Во болница бил донесен во бесознание и од тогаш се полоша му е состојбата. Тој е самохран родител и татко на едно малолетно дете. Му се судеше за убиство во обид на Села за настаните во Собранието, по што врз основа на снимка која беше дел од доказите кривичното дело за него беше преквалификувано во насилство. Тој пред судот го призна делото и рече дека го нападнал Села во момент на агресија, по што беше осуден на условна казна. По ова, како што велат од неговото семејство бил крвнички претепан, а од МВР не добиле никакво известување за напаѓачот.

Семејството на Павлески преку социјалните мрежи и медиумите моли тој да биде сместен во соодветна установа каде може да му се пружи и соодветна лекарска помош.

К.Д.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе