Сообраќајот по влажни коловози

Останува забраната за камиони на патот Тетово-Попова Шапка

Се уште е во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка, што беше воведена завчера во 22 часот, а за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема. 

Како што информира Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. 

Од АМСМ предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Потсетуваат и на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе