Oртопедски помагала добија 36 лица со телесна попреченост

Помагала обезбедени од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет - Мобилност Македонија, со средства од МТСП кои се доделени на Сојузот согласно програмата за работа и одобрениот финансисики план за 2018 година беа доделени денеска на лица со телесна попреченост. Вкупната сума потрошена за ортопедски помагала изнесува 1,6 милиони денари.

„Навистина ми е драго што денеска 36 лица со потешка телесна попреченост ги добиваат помагалата коишто им се потребни. Министерството за труд и социјална политика прави напори со обезбедувањето на средства потребни за функционирањето на националниот сојуз на инвалидски организации и Национален сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија - Мобилност Македонија да ја поттикне работата на полето видливост на лицата со попреченист, а со овие ортопедски помагала и олеснувањето на движењето, присуството на лицата со попреченост во социјалниот живот ќе биде секојдневиe“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Истовремено МТСП со најновите измени на Законот за социјална заштита значително ги унапредува правата на лицата со попреченост со тоа што воведува две нови услуги, домашна нега и лична асистенција.

Бранимир Јовановски од Мобилност- Македонија рече дека согласно Програмата за работа Сојузот обезбедува соодветна парична помош на членовите во случаи кога треба да платат или партиципираат за користење на неопходни здравствени услуги или набавка на помагала, а во границите на финансиските можности на сојузот, како и во склад со актите на сојузот и за оваа намена се на располагање 271.890,00 денари, кои се префрлени на 16 општински здруженија-членки на сојузот.                                                         

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе