Реакција

Општината против Охрид СОС: Работиме според словото на законот

Наводите на граѓанската иницијатива Охрид СОС и коментарите на поединци и други здруќенија се необјективни, паушални и во крајна линија невистинити, реагира општината Охрид.

„Во врска со наводите дека се легализираат бесправно изградени објекти на земјиште сопственост на Република Македонија во крајбрежниот појас, треба да се знае дека согласно член 12, став 1, алинеја 4 од законот, јасно е дефинирано дека може да се легализираат објекти кои се изградени на земјиште сопственост на Република Македонија. Во однос на бесправно  изградени објекти во заштитениот крајбрежен појас, согласно член 18, став 1, во постапката се прибавува мислење по службена должност од Министерството за животна средина и просторно планирање за сите објекти, освен за објекти со намена домување во станбени куќи. За овие објекти барателите доставуваат изјави заверени на нотар, дека ќе ги сносат сите последици од елементарни непогоди, како и одговорноста и последиците што објектот може да ги нанесе на животната средина. Истовремено, објектот не се вклопува во идните плански документации.

Уште еднаш сакаме да потврдиме дека, Законот за постапување со бесправно изградените објекти доследно се спроведува во сите аспекти. Воедно, ги повикуваме сите заинтересирани да се обратат во Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште за сите информации, за да се избегне дезинформирање на јавноста со паушални конструкции и невистини“, се вели во реакцијата на општина Охрид.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе