По укажувањата од Министерството за транспорт

Општината Маврово Ростуше ќе го раскине договорот за земјиштето за спорниот објект

Општината презема активности за еднострано раскинување на договорот за што е информирано и државното правобранителство за понатамошно постапување. Ова е дел од известувањето на општината Маврово Ростуше до месните заедници од Маврово (Леуново, Ниќифорово, Маврови Анови, Врбен...) на нивното барање за раскинување на договорот за купување на државно земјиште на кое наводно било планирано да се изгради џамија.

Се работи за парцела од 2.607 квадратни метри купенa од државата по цена од 251 денар за квадратен метар. Парцелата е под патот, пред влезот во Маврови Анови, а договорот меѓу Незир Сулејмани и Република Македонија, преку тогашниот градоначалник на Општина Маврово Ростуше Мукрем Мехмеди е потпишан на 10 јули 2012 година.

Министерството за транспорт и врски уште во март годинава му наложило на Mедат Куртовски, градоначалникот на Општина Маврово Ростуше да го раскине договорот со купувачот на парцела во Маврово на која наводно требало да се гради џамија.

Купувачот на ова земјиште имал обврска на парцелата да изгради објект со намена А4 домување-времено сместување (хотели и пансион), согласно Урбанистичкиот план за таа парцела. Но, купувачот не ги почитувал роковите за добивање одобрение за градење, ниту пак на оваа парцела е почната изградбата.

Во март годинава на собирот на жителите на Леуново, Ниќифорово, Врбен, Маврово, населбата Маврови Анови се проширила информацијата дека некој тука сака да изгради џамија. Оваа информација неофицијално им била потврдена и од претставници на Одделението за урбанизам на општината.

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе