Општина Тетово поради неправилности го прекина јавниот превоз

Општина Тетово информира дека јавниот превоз во градот ќе биде привремено во прекин. Тие соопштија дека ваквата одлука доаѓа за дополнително да не биде оштетен џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова претпријатие.

„Се известуваат граѓаните и пошироката јавност дека поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП „Тетова транспорт" се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз", велат од Општината.

Од таму додаваат дека ваквата состојба ќе трае се додека не заврши конечното скенирање на состојбите создадени во ова претпријатие од претходните раководни структури и информираат дека в.д ќе биде Рафиз Мејдија. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе