Општина Охрид воведе времен мораториум на градежни активности

Советот на Град Охрид денеска ја усвои Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, со што се постапува по Заклучоците од 146-та седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности, објави Охрид1.

„Општина Охрид ја почитува и прифаќа реафирмацијата на определбата на македонската Влада да се зачува статусот светско наследство на УНЕСКО на природното и културно наследство на Охридскиот регион. Се воведува времен прекин на спроведување и донесување урбанистички планови, урбанистичко плански документации и архитектонско-урбанистички проекти на територијата на општина Охрид. Времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат за издавање на одобрение за градење, одобрение за надградба и одобрение за доградба по стапување на сила на одлуката. Сите постапки со добиено одобрение за градење можат да продолжат со реализација“, пишува во Предлог-Одлуката.

На денешната седница воздржано гласаа само советникот од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и советникот на БЕСА и Алијанса на Албанците, Џемал Мена.

 

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе