Реакција на општина Маврово-Ростуше и Национален парк

Сите дозволи за градба и за сеча на шумите се издадени согласно законите

Општината Маврово и Ростуше со сите свои механизми, работи во интерес на своите граѓани и во иднина ќе продолжи со позасилено темпо да ги решава сите проблеми на своите граѓани во согласност на законите на РСМ, се вели во реакцијата на општината на написот „Мавровчани го креваат гласот, најавуваат бојкот на локалните избори и барање за враќање на општината“, објавен на МКД.мк на 4 април.

„Во врска со обвинувањата за владеењето на урбанистички хаос на територијата на Општина Маврово и Ростуше, категорично ги отфрламе ваквите неточни тврдења и невистини. Сакаме само да потсетиме дека општината работи само врз основа на Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање, и се води соодветна постапка согласно законите на РСМ.

Во врска со обвинувањата за неконтролирано издавање на градежни дозволи од страна на општината, сакаме да ја известиме јавноста дека, сите одобренија кои се издадени од наша страна, се издадени согласно Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање како и важечките правилници за урбанистичко планирање. По поднесување на соодветна документација  за предвидениот објект од страна на барателот, доколку истата е комплетна и нема никакви недостатоци, тогаш општината врз основа на законот е должна да издаде дозвола за градба на барателот.

Врз основа на обвинувањата за наводна изградба на џамија на влезот на Маврови Анови, Општина Маврово и Ростуше, тврди дека, до сега до општината не е поднесено барање за изградба на верски објект – џамија, и општината нема издадено одобрение за градба на таков објект. На парцелата која ја споменувате во вашата објава, во тек е постапка на носење на АУП (Архитектонски урбанистички план), со намена на земјиште А4 (времено сместување), и до денес за истата катастарска парцела, општината нема издадено дозвола за градба.

Во врска со обвиненијата за непочитување на стандарти, загадување на езерото со отпадни води и немање на елаборати за заштита на животната средина од страна на хотели и производствени погони, сакаме да ја известиме јавноста дека, општината е во секојдневна комуникација со Државниот инспекторт за животна средина и сопствениците на хотелите и произвоствените погони. Некој од погоните веќе имаат изработено елаборати за заштита на животната средина, а некои се во постапка на изработка (добро е да се напомене дека споменатите хотели се градени уште од времето на поранешна Југославија). Но како и да е, Општина Маврово и Ростуше во соработка со сопствениците на овие хотели и погони ќе направи сѐ што е во наша надлежност да се реши овој проблем и целосно се заштити животната средина, Мавровското Езеро и Радика.

Во врска со обвиненијата за непочитување на стандардите за забрана на градба во заштитниот појас, сакаме да ја известиме јавноста дека Општина Маврово и Ростуше до сега нема издадено ниту едно одобрение за градење во заштитениот појас на НП Маврово, како и 50 метри во рамките на максималната заштитна кота на Мавровското Езеро.

Во врска со обвинувањата за нередовно собирање на смет во населените места и околу Мавровско Езеро, сакаме да ја извстиме јавноста, дека, од 14.08.2020 година, депонијата Русино беше блокирана од страна на граѓанска организација Стоп – Русино, со што се наруши претходно утврдената динамика за собирање и транспортирање на сметот од Мавровскиот регион. И покрај сите напори и водени преговори за решавање на овој проблем не наидовме на решение за истото со иницијаторите на Стоп – Русино. Во истиот период почнавме со преговори за изнајдување на алтернативно решавање на овој проблем со КП Стандарт од Дебар, од кое добивме дозвола со ограничен број на транспортни тури со смет. Блокадата во Русино сѐ уште трае, но од јануари оваа година редовно и навремено се собира и транспортира целиот отпад од целата територија на општината во депонијата во Дебар. За време на летниот период се направени повеќе од 20 тури со камиони со кобаст отпад (градежен шут) околу Мавровско Езеро и беа спроведени повеќе акции за собирање на смет покрај патот околу Мавровското Езеро. ЈПКД Маврово во соработка со Нула отпад и Пакомак организираше акции за бесплатно собирање на електронски отпад и поставени се специјални континјери за пластика“, се вели во реакцијата на Општина Маврово и Ростуше.

И јавната установа Национален парк Маврово реагира на овој напис. Сите обвиненија дека се вршат неконтролирани сечи на шуми во приватен и државен имот се невистинити и претставуваат апсолутни инсинуации затоа што сите активности кои се спроведуваат во шумските екосистеми се во согласност со планските документи кои се изработуваат и одбруваат согласно Законот за заштита на природата, Законот за шумите и подзаконските акти. Секоја активност во шумските екоситеми е контролирана со Инспекторатот за животна средина и Инспекторатот за шумарство и ловство, а против сите евидентирани прекршители на законот континуирано се поднесуваат прекршочни или кривични пријави.

Согласно планските документи од областа на рибарството и аквакултурата НП Маврово секоја година го порибува Мавровското Езеро со десетици илјади единки автохтони видови, а исто така чуварската служба самостојно и во соработка со Инспекторатот за рибарство и аквакултура спроведуваат редовни контроли и се поднесуваат соодветни пријави против сите лице кои го прекршиле Законот за рибарство и аквакултура и Законот за заштита на природата.

Во однос на наведеното дека Мавровското Езеро се загадува со отпадни води, НП Маврово секогаш кога самостојно ќе утврди или има пријава дека се загадува езерото поднесува барања за вршење инспекциски надзор до надлежниот инспекторат.

Државниот инспекторат за шумарство и ловство лани на 22 декември изврши вондреден инспекциски надзор каде што е забележано дека не се утврдени никакви неправилности на субјетот на надзорот., се вели во реакцијата на јавната установа Национален парк Маврово.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе