Демант

Општина Маврово Ростуше: Новиот објект кај скијачкиот центар се гради со сите дозволи

Општина Маврово Ростуше категорично ги отфрла сите искажани невистини од страна на политичката партија Левица во објава на партискиот профил на Фејсбук, во врска со изградба на објекти на територијата на општината, наводно без претходно издадени потребни дозволи за истите.

„Станува збор за искажани невиситини, за изградба на објект Маврово Резиденс 2, од страна на инвеститорот Фортонмка инвест и Фортон МКА, кои претходно ги имаат добиено сите потребни согласности и дозволи за почнување со градба на овој туристички објект кој ќе биде од големо значење за развојот на туризмот во нашата општина. Сакаме да ги информираме сите граѓани дека општина Маврово и Ростуше во целокупното свое работење, сите решенија, акти, дозволи и други документи ги издава со максимално почитување на сите правни акти, процедури и закони на РМ“, соопшти општината Маврово Ростуше.

Од тука, се наведува понатаму, сакаме да ја информираме јавноста дека, актуелниот урбанистички план, каде се наоѓаат локациите, споменати во текстот на политичката партија Левица, за село Маврово, е донесен со согласност од Министерството за транспорт и врски на РМ од 26 февруари 2015 година, и едногласна одлука на Советот на општина Маврово Ростуше.

„За локалитетот на Фортонмка, пак, детално е разработен со архитектонско урбанистички план (АУП) и истиот е одобрен со решение од 29 јануари 2020 година. Врз основа на усвоениот АУП, издадени се и одобренија за градење за наведените градби“, се вели во соопштението.

Општина најавува дека и во иднина ќе продолжи активно да работи во интерес на своите граѓани, да привлекува домашни и странски инвеститори со цел, да се подобрат условите за живот на сите жители во општината, и општината да стане најатрактивна туристичка дестинација во регионот, притоа почитувајќи ги сите законски норми кои произлегуваат од законите во државата.

„Општина Маврово Ростуше, на чија територија се наоѓа и Националниот парк Маврово во согласност со донесените урбанистички планови, заштитувајќи ја животната средина, ќе се ангажира со цел да станеме атрактивна туристичка дестинација, ќе продолжиме да даваме градежни дозволи во согласност на донесените УП. Бараме од политичката партија Левица да ѝ се извини на општина Маврово Ростуше за изкажаните невистини, изнесени на социјалните мрежи, со кои се прави штета на угледот и честа на нашата општина“, стои во соопштението на општината.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе