Општина Маврово Ростуше доби ново комунално возило, донација од Јапонија

Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, вчера присуствуваше на церемонијата на предавање на успешно завршениот проект за Програмата за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност (ГГП), во Маврово Ростуше.

Проектот за набавка на возило за комунален отпад за општина Маврово Ростуше во вкупна вредност од 67.807 евра, има за цел да ја подобри животната средина за граѓаните на општината, соопшти Амбасадата на Јапонија.

На примопредавањето домаќини беа Медат Куртовски, градоначалник на Маврово Ростуше и Дијана Давидовски, директорка на Јавното комунално претпријатие.

За време на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со градоначалникот Куртовски и разговараше за зајакнување на соработката помеѓу Амбасадата и Општината. Во име на јапонскиот народ, амбасадорот Савада изрази благодарност до сите граѓани на Маврово Ростуше за нивната поддршка и пријателство.

Преку програмата за мали грантови (ГГП), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 57 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе