Општина Гевгелија е против отворање погон за преработка на отпад во пелети

Советниците на Општина Гевгелија на последната седница која заврши доцна синоќа едногласно се изјаснија против отворање погон на италијанската компанија ПиП индустрис за преработка на отпад во пелети кои би се извезувале во Италија, како и против доделување концесија за детални геолошки истражувања за злато на планината Кожуф.

Градоначалникот Сашо Поцков вели дека по јавната презентација во јуни доставил негативно мислење по доставените барања и дека по само четири месеци барањата повторно биле доставени преку Министерставата за животна средина и економија по што оценил дека е добро за нив да се произнесат и советниците.

Советниците сметаат дека отворањето на погонот и давањето на концесијата би биле против определбата на општината и на граѓаните да остане зелена и европски ориентирана општина.

На седницата биле присутни и претставници на граѓанските здруженија кои се занимаваат со прашања од областа на екологијата и животната средина.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе