Општина Дојран бара Владата да го забрани престојот на сопствениците на викендиците за време на пандемијата

Градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов информира дека од Владата ќе бараат да се донесе одлука за забрана за престој на домашни и странски лица во општината за време на вонредната состојба. Локалните власти ова го бараат откако заклучиле дека во општината во овој период, за време на пандемијата на ковид-19, има лица кои веќе подолго време престојуваат во викендиците.

„Одлуката е донесена поради тоа што во последно време имаме голем број на луѓе кои доаѓаат во приватните викенд куќи, меѓутоа и лица кои бараат сместување во приватните капацитети во овој период. Сакам да напоменам дека издавачите на приватни капацитети треба да знаат дека во овие кризни моменти треба да останат приземни и да ги почитуваат владините мерки за да се заштитиме и да го намалиме бројот на миграција од други населени места кои доаѓаат во Дојран“, изјави Ангов.

Општината веќе донесе забрана за движење по сите зелени и рекреативни зони и туристички патеки, детските игралиште и спортските терени во Дојран, а со одлука на Владата затворен е и граничниот премин Дојран.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе