Опасните хемикалии вчера изнесени од ОХИС, тргнаа кон Франција

Во кругот на ОХИС вчера беше натоварен опасен хемиски отпад, односно, 4,6 тони иницијатори, хемикалии со познат состав, и 5,2 тони хемикалии со непознат состав во камиони што ги исполнуваат соодветните услови за транспорт на опасен отпад, со што продолжи чистењето на една од жешките еколошки точки во државата.

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека за оваа активност биле известени сите компании што вршат дејност, така што, во текот на утоварот беше воспоставен посебен режим и забрани за движење на лица и возила во кругот на ОХИС.

По утоварот се извршила царинската постапка за извоз и отпадот се упати кон постројката за уништување во Франција.

Државниот инспекторат за животна средина констатираше дека постапката на отстранување на отпадните хемикалии во кругот на ОХИС АД во стечај беше успешно завршена, стои во соопштението на ДИЖС.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе