ОН: Алармантните нивоа загаденост на воздухот го намалуваат животниот век на Балканот

Жителите на целиот Западен Балкан страдаат од намален животен век поради „алармантните нивоа загаденост на воздухот“, вели извештај на Обединетите нации, кој го пренесе Њујорк тајмс.

Луѓето во сите поголеми градови низ Западен Балкан се соочуваат со алармантни нивоа на загадување на воздухот што гo намалува животниот век, бидејќи недоволно развиениот, политички кревок регион сè уште е многу зависен од горењето јаглен за производство на енергија, објави ОН.

Извештајот, објавен од Програмата на ОН за животна средина, е подготвен во соработка со Светската здравствена организација и институциите за контрола на квалитетот на воздухот во Македонија, Албанија, Босна, Косово, Црна Гора и Србија. Тој е базиран на податоци собрани најмалку 274 дена годишно.

Според извештајот на ОН и СЗО, градовите во Македонија, Босна и Србија се рангирани како некои од најлошите во Европа.

„Населението е изложено на некои од највисоките концентрации на загадување на воздухот во Европа, кои се пет пати повисоки од препорачаните национални и европски нивоа“, се вели во извештајот, во кој како најголема причина за загадениот воздух се наведува недостигот од пристап до модерните обновливи извори на енергија.

Петнаесетте активни електрани на јаглен, некои од нив застарени, во пет западнобалкански земји, пумпаат значителни количества сулфур диоксид, азот оксид и прашина или честички во воздухот. Исто така, дури 88% од 7,3-те милиони згради во регионот користат децентрализирани системи за греење, кои неефикасно ја користат енергијата.

Во анализираните 18 големи града, во извештајот се вели дека загадувањето на воздухот предизвикува значителен број предвремени умирања. Во просек, се вели, 26.000 години живот биле загубени во последнава деценија поради загаденоста на воздухот. Сите овие умирања се случиле пред возраст од 65 години.

„Загадувањето на воздухот во градовите од Западен Балкан предизвикува помеѓу 15 и 19 отсто од вкупната смртност и го намалува очекуваниот животен век за 1,1 до 1,3 година“, се вели во извештајот.

Во извештајот се вели дека во испитуваните балкански градови секојдневните препорачани количества честички од саѓи и други материи, или PM10, биле надминати во 120 до 180 дена годишно. Тоа е многу повисоко од дозволеното од националните закони и законите на ЕУ, кои го ограничуваат бројот на таквите денови на само 35 годишно.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе