За претседателските избори

ОМД: Резултатот од првиот круг покажува поларизација во општеството, но бојкот не е решение

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку соопштение оценува дека резултатите на првиот круг од претседателските избори во Македонија е приказ на политичката состојба во земјата. 

Според ОМД, разликата од само 4.485 гласови помеѓу кандидатите поддржани од двата клучни политички блока, е приказ на големата поларизација во општеството. Додека падот од 40% од подржувачите на актуелната власт за само 18 месеци споредбено со последните локални избори е порака на незадоволство од актуелните политики проследени со акти на непотизам, партиски клиентелизам и популизам на моделот „едно општество за сите“. Феноменот, како што велат, на 32.811 неважечки гласови кои се еднакви на 4,34% од вкупниот број на гласови, воедно е израз на револт од страна на гласачите кон партиите. 

„Одлевањето на албанските гласови за кандидатот Блерим Река, кои не ги исполнија очекувањата на СДСМ и коалицијата во поддршка на кандидатот Стево Пендаровски, покажува разочарување кое надвладува над идејата за консензуалност. Несвојствено за досегашната пракса, со оглед дека за прв пат Македонија доби двајца независни кандидати во трката за претседател (Блерим Река и Гордана Сиљановска Давкова), изборните резултати укажаа дека покрај класичниот модел на гласање по основ на партиска и/или етничка линија, за прв пат електоратот препозна гласање за независен кадидат во кое неопределените го имаат одлучувачкиот глас”, пишува ОМД во соопштението. 

Според ОМД, појави кој го загрозуваат демократскиот дух на претседателските избори во вториот изборен круг, е повикувањето на етничките албанци во Македонија да го дадат својот глас за кандидатот Стево Пендаровски од страна на вицепремиерот и министер за надоврешни работи на Косово, Беџет Пацоли, што според него е глас за „унапредување на статусот на Албанците, нивна поголема политичка тежина и евроатланска иднина“. 

ОМД апелира за фер и демократски избори во кои политичките субјекти ќе се придржуваат до рамката на нивните надлежности. ОМД воедно ги повикува сите граѓани со право на глас, предводени од лично убедување, со масовна излезеност да придонесат кон исполнувањето на цензусот. 

„Новоизбраниот претседател мора да црпи легитимитет од народот на кого треба да му служи, поради тоа, бојкотот не е решение”, порачува ОМД. 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе