Во Крива Паланка

Околу 800 Французи дојдени со 260 автомобили донираа 100 килограми училишен прибор (ФОТО)

Во текот на вчерашниот ден Општина Крива Паланка беше домаќин на првата авантуристичка турнеја на солидарност на францускиот караван „Еуроп-раид“, 2019.

Во рамки на „Еуроп-Раид“ 2019, 260 екипажи со возило „пежо 205“, тргнаа од Париз на 27 јули, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе 17 тони училишна опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина до Бугарија, преку Албанија и Македонија. Поминувајќи 10.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да понесе училишна или спортска опрема: училишни торби, тетратки,  моливи, топки, играчки, за да им помогне на децата кои немаат пристап до училиште или живеат во неповолни услови.

На мапата на оваа европска турнеја за културна солидарност се најде и Крива Паланка, како  општина од Македонија, која поради својата активна соработка во областа на Франкофонијата  доби донација од 100 килограми училишен прибор, матријали, нагледни средства и спортска опрема.

„Во знак на благодарност за донацијата и пријателството со  францускиот народ,  учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ под менторство на профeсоркаката по француски јазик Елена Николовска, приредија Франкофонски музички хепенинг во дворот на училиштето, на кој присувствуваше и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. За огромниот број француски гости, учесници на караванот Еуроп-Раид, Општина Крива Паланка организираше стационирање со ноќевање и културно-уметничка програма на градскиот стадион.

 

Програмата започна од 20.00 часот со настап на КУД „Карпош“ и КУЗ „Фолклористи“,  кои со своите прекрасни изведби на народни песни и танци, на најубав начин, пред присутните и гостите од Франција  ја претставија богатата културна традиција на кривопланчани  и народни носии од овој крај. Програмата продолжи и во доцните вечерни часови со електронска денс музика и лајф настап на диџеј Буѓо“, соопштуваат од Општината.

 

 

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе