Центар за управување со кризи

Околу 200 хектари ниско стеблеста шума изгореа кај пругата Скопје-Велес

Велешкото одделение на Центарот за управување со кризи известува дека според информациите добиени од противпожарната служба на Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред железничката станица Рајко Жинзифов кај село Сл'п, зафаќа површина од околу 200 хектари ниско стеблеста шума, трња и габер.

На терен се екипа од ШС Бабуна и месно население.

Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон с. Карабуњиште и се очекува дека истиот во текот на денот ќе биде ставен под контрола, информираат од ЦУК.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе