Околу 1.500 мигранти во близина на македонската граница со Грција (ВИДЕО)

Околу 1.200 мигранти се наоѓаат во Грција во близина на македонската граница, и околу 500 во близината на Солун, а вчера имаше и судири со грчката полиција. Состојбата во овој момент е под контрола, изјави денеска Сашко Коцев, директор на МАРРИ Регионалниот центар, по одбележувањето на 15-годишнината на оваа иницијатива, одговарајќи на новинарско прашање дали е можен нов мигрантски бран во блиска иднина со оглед на случувањата на границата со Грција.

 

Прво, државите се многу поподготвени сега, постои голема поддршка од ЕУ во справувањето со мигрантската криза, а на македонската јужна граница, кон Грција, патролираат полицајци од повеќе европски држави заедно со македонската гранична полиција. За разлика од 2015 година, Македонија и целиот регион се далеку подобро подготвени за соодветен одговор доколку се појават зголемен број мигранти, нагласи Коцев и додаде дека не очекува да се повтори тогашната состојба.

Во одонос на зголемувањето на бројот на мигрантите што се собираат во камповите во Грција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека секојдневно разменуваат информации со грчките колеги.

Според Спасовски, ова поголемо собирање во камповите во Грција е од вчера, по што преку посебни планови е зајакнато обезбедувањето на државната граница помеѓу Грција и Македонија.

„Досега станува збор за група од околу 1.200 до 1.500 мигранти. Засега грчките колеги ја контролираат таа бројка, но секако имаме обврска да бидеме подготвени да ја штитиме границата и евентуалната можност за влез во Република Северна Македонија“, изјави Спасовски.

Спасовски наведе дека е зголемен трендот за илегален влез на јужната граница. Но, посочува, ако се погледнат бројките за тоа колку мигранти се вратени што сакале илегално да преминат, таа бројка во 2018 година е околу 16.900.

„Тоа покажува дека имаме зголемен тренд, меѓутоа и оти имаме добра заштита на границата заедно со колегите од другите полициски служби кои работат на обезбедувањето на македонско-грчката граница. Сепак, повеќето мигранти преминуваат по друга рута, а оваа преку нашата земја и Србија, т.н. Западнобалканска рута, не функционира во овој момент“, рече министерот Спасовски.

Еден од предизвиците што ќе опстојуваат и понатаму, нагласи тој, е миграцијата и не е исклучено и понатаму да имаме мигранти што би сакале да профункционираат некои од другите рути. Спасовски посочи дека мигрантите подолго време не поминуваат низ т.н. Западнобалканска рута, туку одат преку Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина или Албанија и Италија и понатаму во Европа. Тој потсети дека МВР соработува со ФРОНТЕКС, со државите од регионот, но и со ЕУ. Затоа, беше дециден Спасовски, подготвени сме да одговориме на секој предизвик.

„Засега не постои загриженост кој може да ја наруши безбедноста во целиот овој регион, посебно заради случувањата на северот на Косово. Очекувам дека преку дијалог ќе можат да се надминат тие недоразбирања што се познати помеѓу Косово и Србија“, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за безбедноста во регионот во контекст на последните случувања на северот на Косово.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе