Еден месец пред УНЕСКО да ја донесе одлуката

Охридско Езеро сепак добива „парапетче“, градоначалникот вели дека ќе се урива

Во време кога во Охрид треба да се урнат над 1.000 дивоградби, кога УНЕСКО го разгледува последниот извештај за тоа дали градот и езерото и натаму ги почитува стандардите за заштитетно културно и природно светско наследство, на плажата Градиште на Охридското Езеро некој си прави „парапетче“.

Ви текнува на стенограмите од владината седница водена од поранешниот премиер кога Никола Груевски како една од мерките за развој на туризмот предложи кревање на мало ѕидче, „парапетче“ по плажите на Охридското крајбрежје? Тоа предизвика бура од реакции, подбив и неверување за ваквиот аматерски премиерски предлог.

Е па денес, во време на епидемија од коронавирусот, некому таа идеја сепак му се видела како атрактивна и почнал да си гради „парапетче“ на плажата кај авто-кампот во Градиште.   

Урбаната мафија многу, многу не се грижи за УНЕСКО и нивните комисии кои го посетуваат Охрид. А како што се гледа тоа не претставува голема грижа и за општинските власти, за градоначалникот, за инспекциските служби... Всушност во една своја изјава градоначалникот Константин Георгиевски во наплив на искреност си призна: „Проблемот не е во локалните врски, проблемот е во тоа што проблемот е премногу сложен и деликатен во мал град како Охрид. Па може да дојде до закани, притисоци кога ќе треба да се отстрануваат. Деликанта е средината, јас да одам да рушам, утре ќе ме убие некој“.

И ете го градоначникот пак, по вчерашната бура од реакции по социјалните мрежи, се јави и тој на својот фејсбук-профил. Градежните дејства се одвиваат незаконски. Изведувачот има рок да ја отстрани дивоградбата, напиша тој.

А.Д.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе