Писмо до министерот Нуредини

Охрид СОС: Службеници го опструираат процесот за прогласување на Охридското Езеро и Студенчишко Блато за Рамсар подрачје

Од Граѓанската иницијатива Охрид СОС упатија отворено писмо до Министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини поради како што велат од здружението, злоупотреба на службена должност од страна на службеници во Министерството за животна средина и просторно планирање и членови на Македонскиот рамсарски комитет

„Ние, Граѓанската иницијатива Охрид СОС, највлијателната неформална волонтерска активистичка група од регионот посветена на заштита и унапредување на исклучителната универзална вредност на единствениот УНЕСКО Регион во Македонија, ви се обраќаме со отворено писмо во врска со основан сомнеж за противзаконско постапување и злоупотреба на службена должност од страна на претставници во Министерството за животна средина им просторно планирање (МЖСПП) и Македонскиот рамсарски комитет (МРК). Влатко Трпески (раководител на Одделение за биодиверзитет, Сектор природа, Управа за животна средина, МЖСПП), Александар Настов (раководител на Одделение за биодиверзитет, Сектор природа, Управа за животна средина, МЖСПП) и Бранко Мицевски (претседател на Македонскиот рамсарски комитет и редовен професор на Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет), веќе со години противзаконски и на штета на јавниот интерес ја опструираат процедурата за прогласување на Охридското Езеро и Студенчишко Блато за Рамсар подрачје. Од Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. уште во октомври 2017 г. поднесе формална иницијатива до МЖСПП за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато за Рамсар подрачје. Гореименуваните од поднесувањето на иницијативата до денес континуирано ги подриваат сите обиди на Охрид ЅОЅ за прогласување на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато за Рамсар подрачје иако постојат повеќе национални стратегии за биолошка разновидност со акциски планови (Национална стратегија за биолошка разновидност 2004, Национална стратегија за биолошка разновидност 2014, Национална стратегија за биолошка разновидност 2018-2022) изработени токму од МЖСПП, каде што е наведено дека номинирањето на ова подрачје за Рамсарско место е еден од приоритетите на владата на РМ, конкретно поради фактот што Студенчишко Блато е идентификувано како едно од најзагрозените низински блатни/водни живеалишта во земјата“, 

Во Нацрт-планот за управување со Охридскиот Регион стои дека „прогласувањето (на) рамсарски места (во) Охридскиот регион треба да добие повисок приоритет“.

Од низата бесмислени преписки и бесполезни состаноци со гореименуваните, вклучително и исфрлањето на наш претставник од состанок на МРК од страна на Бранко Мицевски (за што докази би ви доставиле на ваше барање во форма на принтскринови, записници и видеа), може многу лесно да се утврди дека сите горенаведени се ставија во функција на опструирање на постапката за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како Рамсар подрачје за што претпоставуваме дека има неколку причини. Бранко Мицевски континуирано, во период од најмалку една година, од позиција на стручен авторитет и претседател на МРК, презентираше дезинформации во врска со Рамсарската номинација, како на пример: „недоволно податоци и потреба од дополнителни студии“, „податоците не смее да се постари од 10 години“ „непозната е вредноста на Студенчишко Блато“, „Рамсарската конвенција се однесува само на живеалиштата на птици“, иако, дури и да нема ниедна птица, Езерото и Студенчишко сепак би се прогласиле за Рамсар подрачје според останатите критериуми. Ова Мицевски го тврдеше и по усвоената Декларација за заштита на екосистемот на Охридско Езеро од страна на Европскиот огранок на  (Society of Wetland Scientists, Europe Chapter) во мај 2018 година

(Society of Wetland Scientists, Europe Chapter) располага со информации дека прогласувањето на овој регион за Рамсар локалитет е одамна очекувано и добредојдено во Рамсарскиот секретаријат во Гланд, Швајцарија, но и дека за процесот на прогласување се целосно доволни информациите кои се во моментов достапни“.

А го тврдеше и по директен допис од Рамсарскиот секретаријат до МЖСПП и МРК од јули 2018 г.м во кој Рамсарскиот секретаријат ги повикуваше МЖСПП и МРК да ја поднесат апликацијата:

„Убедени сме дека со постоечкото знаење и поновите студии на македонските и меѓународните експерти се обезбедени доволно информации, податоци и сознанија за Охридско Езеро и Студенчишко Блато да бидат номинирани на листата на водни живеалишта од меѓународно значење според Рамсарската конвенција“. Нагласуваме, Охридското Езеро и Студенчишкото Блато ги задоволуваат сите девет критериуми, а за да се номинира подрачјето е доволно да задоволуваат само еден! Табела со образложение за задоволувањето на сите девет критериуми е достапна на стр. 42 од извештајот на оваа врска.

И МЖСПП го потврдува овој факт кога го наведува следново во Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план од 2014 г. и потоа од збор до збор го повторува во Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план 2018-2023:

„Неопходно е подобрување на управувањето со меѓународно заштитените подрачја во земјата (повеќето од нив се прекугранични). Дојранското и Преспанското Езеро се под меѓународна заштита согласно Рамсарската конвенција, но Охридското Езеро, кое со сигурност ги исполнува критериумите за прогласување на водно живеалиште од меѓународно значење, сѐ уште не е номинирано“.

Манипулативноста и паланечката ароганција на гореименуваната клика оди дури дотаму што процесот за номинација се опструира дури и откако Охрид СОС во очај се одлучи самостојно да ја пополни апликацијата (RIS) за номинација на Охридско Езеро и Студенчишко Блато за Рамсарско подрачје. Самиот документ е 90 страници и бара огромна посветеност, часови, денови и месеци истражувачка работа и труд. Охрид СОС сето ова го изработи комплетно волонтерски, без никакви финансиски средства, но со надеж дека кога ќе им ја завршиме работата на институциите за која се платени од наши пари, ќе имаат доблест барем да го проследат тој документ до Рамсарскиот секретаријат поради тоа што граѓански здруженија и неформални активистички групи немаат право на тоа. Во текот на изработката на апликацијата бевме во постојана комуникација со Рамсарскиот секретаријат, од каде што ни беа предложени минорни измени на документот кои веднаш ги внесовме. МЖСПП презеде обврска предложените граници на Рамсарското подрачје, дефинирани од наши и експерти од (SWS), да ги исцрта во ГИС формат – прилика која ја искористи за понатамошно одолговлекување на процесот. Најпосле, и таа задача беше завршена од страна на Охрид СОС. Во јули 2019 година, Рамсарскиот секретаријат потврди дека апликацијата е комплетна, Охридско Езеро ги задоволува сите 9 критериуми на Рамсар и сѐ што е потребно е само МЖСПП формално да ја поднесе.

Дописот беше воедно испратен и до МЖСПП и МРК. Оттогаш поминаа пет месеци и апликацијата уште не е поднесена. Последно, во Нацрт-планот за управување со Охридскиот Регион стои нов, веќе четврти рок за исполнување на оваа обврска – крајот на 2020 г. за што ќе Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ треба да се обезбедат 1 милион денари, кои се апсолутно непотребни бидејќи апликацијата е бесплатна. Рамсарската апликација, повеќе од очигледно се опструира од клучните луѓе во процесот. Рамсар номинацијата ќе додаде уште една заштитна бариера на Охридското Езеро и Студенчишко Блато.

Секој степен на заштита, особено меѓународна, е од непроценливо значење за регионот поради огромниот ризик од негово целосно уништување доколку управувањето и мониторингот останат исклучиво во рацете на македонските институции. Децениската негрижа и злоупотреба на регионот го доведоа до раб на преместување на Листата на светско наследство во опасност – Центарот за светско наследство, како и експертите на ИУЦН и ИКОМОС независно, во своите излагања пред Комитетот за светско наследство во Баку годинава, побараа Комитетот да го премести Охридскиот Регион на Листата на светско наследство во опасност. Сепак, УНЕСКО статусот не беше ревидиран согласно со експертските насоки, и тоа само поради политичка одлука, за што знаеме дека сте целосно свесен.

Имајќи го предвид гореизнесеното, со ова отворено писмо од вас бараме:

1. Како прв човек на МЖСПП веднаш да ја поднесете апликацијата за номинација на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како Рамсар подрачје до Рамсарскиот секретаријат.

2. Најстрого да ги санкционирате гореименуваните во склад со своите надлежности како Министер и да иницирате постапка за разрешување на Бранко Мицевски од функцијата претседател на МРК.

3. Да отпочнете постапки пред други органи за обезбедување целосна одговорност од гореименуваните поради злоупотреба на службена должност и работење на штета на јавниот интерес.

Нагласуваме дека повеќе не сакаме да бидеме повикувани на состаноци и средби бидејќи сѐ е кажано, дури и многу повеќе од тоа. Со ова писмо бараме итна акција од вас и итно спроведување на нашите три барања“, велат од Граѓанска иницијатива Охрид СОС.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе