Охрид СОС: Од решавањето на проблемот со дивоградбите ќе зависи дали Охрид ќе биде заштитен од УНЕСКО

Централната и локалната власт не направија ништо за зачувување на статусот Охрид град на УНЕСКО. Од 19-те препораки што државата требаше да ги исполни за Охрид и Охридското Езеро да не бидат ставени на листата на загрозени подрачја исполнети се само три точки, реагира невладината организација Охрид СОС.

На 43. Сесија на Комитетот за културно наследство што деновиве се одржува во Баку, македонската делегација, како што информира Трајче Талески, престставник од Охрид СОС, ќе побара одложување на рокот за реализација на препораките до февруари идната година. Тој вели дека во изминатите 15-тина години институциите затаиле во однос на заштитата на Охрид и езерото. Смета дека од одлуката на централанта и локалната власт за рушење на дивоградбите ќе зависи дали ќе бидеме во УНЕСКО или не.

„Откако излезе препораката на УНЕСКО градот и езерото да се стават како загрозени подрачја тогаш набрзина се направи список на дивоградби на крајбрежјето, па испадна дека се над 1.000. Не е направено ништо ниту со депонијата Буково, ниту со автопатот и железницата, не се најдени нови алтернативни решенија. Не е направен план за управување со Охридскиот регион. Само три од 19-те препораки се исполнети целосно и тоа е патот за Галичица, ски-центарот и туристичките развојни зони, друго мислам дека ништо не е направено“, рече Талески.

Тој додаде дека кон УНЕСКО не можеме да се однесуваме како досега и оти мора да се постапува онака како што тие бараат, а не ние како што сакаме.

Неговите очекувања се дека Охрид и Охридското Езеро ќе бидат ставени на листата на загрозени подрачја, што смета дека и не е толку лошо, бидејќи, како што вели, се надева дека ќе се освестиме со што располагаме и како треба да се однесуваме.

Тој очекува дека државата ќе бара политички решенија и ќе лобира кај, како што рече, главните играчи Кина, Бразил, Шпанија, Индија и Босна за останување на Охридскиот регион под заштита на УНЕСКО.

Најголемата меѓународна мрежа за заштита на природата која е независно експертско советодавно тело на центарот за светско мнаследстрво IYCN препорача три подрачја да се прогласат во опасност: Национален парк во Бангладеш, Островите и заштитените подрачја на Калифорнискиот залив во Мексико и природното и културно наследство во Охридскиот регион.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе