Предупредување и апел

Охрид СОС: Мораториумот за градба беше само формалност

Охрид СОС предупредува дека состојбата со бесправно изградените објекти не се менува и апелира до надлежните да не дозволуваат ова да продолжи. На објавата на официјалната Фејсбук страница, од Охрид СОС  предупредуваат дека мораториумот за градба бил само формалност, а тоа е покажано со конкретни примери и фотографии. На излезот од Лагадин, во катастарска општина Елшани, далеку од очите на јавноста, се уништува државна шума и узурпира државно земјиште за приватни цели. Повторно истиот начин на делување, подмолно, суптилно, ако не се открие нека помине, велат од Охрид СОС. 

Слика 1- Над патот, зад првиот ред објекти, кои се доста високи и габаритни, се гради уште еден, веројатно сместувачки капацитет. До градежната парцела се стигнува преку земјена патека, пробиена низ државно земјиште. Се наѕира и потпорен ѕид, но и голема површина околу која е сосема оголена.

Слика 2 - Приказ на катастарската парцела 2729/1, која е државно земјиште, а која зафаќа мал дел од земјената патека, но и дел од малата шумичка над првиот ред објекти. Некој тука изградил и објект со базен, а дел од соседниот објект со црвен кров исто така влегува во рамките на оваа парцела. Дополнително ќе истражиме кој дал одобрение за ова и кој градел на државно земјиште бидејќи локалната самоуправа само на хартија се декларира како најтранспарентна во југозападниот регион, иако во пракса е сосема спротивното.

Слика 3 - Ова е парцела во приватна сопственост (КП 2733/1) во рамките на која се наоѓа бетонското здание во изградба. Но на сопственикот на парцелата некој му дал на располагање државно земјиште за пристап до парцелата, но и државна шума која е уништена за околу објектот да се направи празен простор, веројатно за паркинг, и покрај патот потпорен ѕид. И тоа ѝ е непознато на јавноста.

Слика 4 - Пред објектот во изградба, но делумно и во рамките на објектот со црвен кров се наоѓа КП 2733/2 која е исто така државно земјиште.

Слика 5 - Приказ на државната шума во рамките на КП 15/1, која во делот над земјената патека и околу објектот во изградба е сништена. Ќе мора одговор да дадат National Park Galicica, во чии граници е и овој дел, но и ЈП Национални шуми.

„Овој пример нема да влезе во евентуален извештај на Општина Охрид и Влада на Република Северна Македонија наменет за УНЕСКО или да се сподели со делегацијата на Европската Унија, Скопје. Дека мораториумот за градба беше само формалност покажуваат и овие примери. Последната одлука за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти, што ja донесе Советот на општината на седницата одржана на 18 март годинава ќе важи до 1 октомври. Но и претходно ваквите одлуки имале повеќе исклучоци, па непречено се одвиваше градежната експанзија“, велат од Охрид СОС. 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе