Охрид СОС: Механизација на Нефи Усеини копа песок од крајбрежјето за бетонската база

Механизација во сопственост на охридскиот советник Нефи Усеини копа песок од литоралот, односно крајбрежјето, за потребите на неговата бетонска база, тврдат од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, преку објава на Фејсбук.

Oд иницијативата велат дека локацијата каде што се копа е во близина на базата. Граѓанинот што го снимил видеото се обидел да се доближи до машините и возилата, а како што додаваат од „Охрид СОС“, добил вербални закани. Механизацијата, според иницијативата, немала никакви обележја од фирма.

„До кога Зоран Заев како Претседател на Влада на Република Северна Македонија и Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид ќе го толерираат својот коалиционен партнер Демократската унија за интеграции и нивниот локален експонент Усеини, кој моментално е во притвор откако СВР Охрид поднесе кривична пријава против него за кривичните дела ‘насилство’ и ‘неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали’ и со денови беше во бегство? Како може советник во Општина Охрид да биде лице на кое е поднесена кривична пријава за сериозни прекршоци и кое ѝ бегало на правдата и службите на прогонот? Зарем бетонската база не се демонтираше и рушеше? Дали Оливер Спасовски и Министерство за внатрешни работи ќе се одважат и ќе ги запрат овие активности на брегот и вистински, до крај, ќе ја спроведат акцијата за прекин на работата на нелегалната бетонска база? Што е приоритет – јавниот интерес, заштита на животната средина и почитување на правдата и законите или еден надмен поединец кој изминативе години е неприкосновен и оставен да прави што сака во општината?“, прашуваат од граѓанската иницијатива, пренесува Радио МОФ.

Тие до властите порачуваат дека ако тврделе дека сега ќе делуваат чесни и способни кадри, треба уште денеска да го запрат дивото копање езерски песок од крајбрежјето, да ги казнат физичките и правните лица кои го правеле тоа, да ја затворат бетонската база и да наложат нејзино демонтирање и рушење, пишуваат од „Охрид СОС“.

„Ако на почеток Усеини побарал сам да го стори тоа, а се покажа дека само излажал и купувал време, сега најдете фирма што ќе го стори тоа. Не чекајте, ако Македонија пат ја руши дивоградбата во Скопје, нека дојдат потоа и во Охрид, да се продолжи низата. Во спротивно од старт ќе покажете дека новата влада е само лицемерие и неспособност завиткано во убава хартија. Само вистинска и решителна акција ќе покаже дека сите тие зборови не се само празни фрази во етерот“, велат од иницијативата.

Оттаму ги повикаа и охрабрија граѓаните да го следат примерот на граѓанинот што го снимил видеото.

„Да снимат, да фотографираат, да реагираат до институции, медиуми, да бидат активно вклучени, да ги следиме сите девијации и пропусти што се случуваат и да покажеме дека #ТиМожешСѐДаСмениш“, порачуваат од иницијативата.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе