Денеска градоначалнкот на Охрид Константин Георгиески одржа средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и со министерот без ресор Едмонд Адеми и нивните соработници.
Планирано е паралелно да се уриваат дивоградбите чија изградба е во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје.
Најголеми активности ќе се изведуваат во Националниот парк „Галичица“ и крајбрежјето.
На средбата беше изразена согласност, активностите на општината да бидат поддржани од надлежните државни институции, а сѐ ќе се одвива со постојана меѓусебна координација, соопшти општината.