По извештајот на УНЕСКО

Oхрид се подготвува да ги урива дивоградбите, првиот полицаец стигна во градот

При крај се подготовките за почнување на акцијата за уривање на дивоизградените објекти на подрачјето на општина Охрид. Изготвен е регистар на дивоградби според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Денеска градоначалнкот на Охрид Константин Георгиески одржа средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и со министерот без ресор Едмонд Адеми и нивните соработници.

Планирано е паралелно да се уриваат дивоградбите чија изградба е во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје.

Најголеми активности ќе се изведуваат во Националниот парк „Галичица“ и крајбрежјето.

На средбата беше изразена согласност, активностите на општината да бидат поддржани од надлежните државни институции, а сѐ ќе се одвива со постојана меѓусебна координација, соопшти општината.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе