По извештајот на УНЕСКО

Охрид ќе остане без палми

Во Охрид денес започна отстранувањето на палмите кои од пред неколку години беа засадени на различни локации во рамки на акцијата Ден на дрвото, со што почна и справувањето со проблемите наведени во извештајот на реактивната мисија на УНЕСКО, кои се закануваат Охридскиот регион да го стават на листа на загрозени подрачја. 

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески вели дека се работи за неавтохтони видови, што било посочено од УНЕСКО и палмите ќе бидат заменети со соодветни видови, објави Охридњуз.

„Дадов налог да се отстранат сите палми, a на нивно место ќе бидат засадени садниците предвидени за улицата ‘Јане Сандански’. Со оглед дека реконструкцијата на оваа улица ќе биде последна, бидејќу таму се предвидени градби кои не задираат во проблемот со УНЕСКО, нема да се реконструира дрворедот таму сега, туку по завршување на сите инфраструктурни интервенции за да нема крпеници. Дрвата предвидени за таму ќе бидат засадени на место на палмите”, изјавил Георгиески.

На денешната прес-конференција тој најавил дека во рок од 30 дена општината ќе изготви регистар на нелегални градби, кои од УНЕСКО се нотирани како еден од најголемите проблеми.

„Потребна ни е и законска рамка за мораториум за градба на крајбрежјето. Сѐ уште немаме законска основа за една таква одлука. Потребна е и изработка на детални урбанистички планови за старото градски јадро, но тоа не зависи само од Општината“, кажа Георгиески.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе