По дадените препораки

Охрид има уште еден месец да урне илјада дивоградби ако сака да остане дел од УНЕСКО

Кога летoво УНЕСКО ги даде препораките и рокот за тоа што се треба да направи Охрид и државата Македонија за да го задржи статусот на светско природно и културно наследство, таа мисија изгледаше невозможна. Официјално беа регистрирани повеќе од една илјада дивоградби, а рокот беше до февруари годинава. Денес, еден месец пред завршување на рокот, и општината и државата се далеку од спроведување на тие препораки.

Ако Охрид сака да остане дел од УНЕСКО има уште еден месец да направи нешто сериозно во однос на заштитата на природните богатства и спроведување на уривањето на официјално регистрираните една илјада дивоградби.

Во овој меѓупериод општината имаше неколку акции на отстранување на дивите платоформи на угостителите и обид за уривање на две куќи, а регистрирани се 1.097 дивоградби, од кои 409 се во заштитениот појас.

Од здружението Охрид СОС постојано предупредуваат дека ништо не се прави во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО. Општината најде пари за прослава на Новата година, но не и за исполнување на препораките на УНЕСКО, односно за уривање на дивоградбите.

Одговорните лица на општината велат дека има активности во однос на зголемување на капацитетот на колекторот, а се работело и на дислоцирањето на депонијата.

Но сите овие активности засега се само во фаза на планирање. Ништо не е направено ниту со реката Сатеска, која треба да се врати во старото корито, како дел од препораките на УНЕСКО.

Ништо не е направено и со дивоградбата тераса од пицеријата „Луна“ кај Чинарот во Охрид. За општината побитни се интересите на советникот Нефи Усеини, сопственикот на „Луна“ и на бетонската база покрај езерото од препораките на УНЕСКО.

„Ако ние самите не си го штитиме природното и културно богаство, на никого во светот не му е важно. Ако ти не сакаш да си дел од УНЕСКО, никој не може да те натера“, велат од Охрид СОС.

Паралелно со овој процес на игнорирање на дивоградбите во Охрид, оди и иницијативата на Владата за  донесување нов закон за легализација на дивоградби.

На 27 јануари експерти на УНЕСКО ќе извршат увид за тоа што е сторено во однос на нивните препораки. Конечната одлука ќе биде донесена во јуни.

А.Д.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе