AMСМ

Одрони на Демир Капија-Удово и Делчево-М. Каменица

Поради одрони сообраќајот на патиштата Демир Капија-Удово и Делчево-Македонска Каменица се одвива по една коловозна лента.

Автомотосојузот на Македонија изутринава соопшти дека на патниот правец Р1102 Д.Капија – Удово, на два километра пред Удово поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри. На патниот правец  Делчево – М.Каменица кај местото викано Бориштието, исто така поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри.

Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ и апелираат на внимателно возење.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе