Соопштението на ЦУК значи дека кинеската компанија „Синохидро“ работи на расчистување на свлечиштето, наносите од земја и вода. Со механизација се прават обиди преку копање на канал да се насочи водата.
Многу земја и вода има на патот, a за состојбата реагираат граѓани преку социјалните мрежи кои биле тргнати на пат.
Како алтернатива може да се користи патот од Велес преку Богомила кон Прилеп и обратно.
На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот утрово е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.