АРМ се подмладува

Од Воената академија излегоа 27 нови потпоручници, а примени 40 питомци

Дваесет и седум потпоручници кои го завршија своето образование на Воената академија од денеска се новите офицери во Армијата на Македонија како и на вооружените сили на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Станува збор за дваесеттата класа питомци, од кои 30 проценти се школувани за вооружените сили на армиите од регионот.

Денеска на Воената академија освен промоцијата на потпоручниците, примени беа и нови 40 питомци, кои со давањето на свечената заклетва го започнаа своето четиригодишно воено образование.

На свеченоста беа наградени тројцата прворангирани потпоручници, Биљана Дуловиќ од Црна Гора и Гоце Софески и Филип Младеновски од Македонија, а плакета им беше доделена и на професорите на Воената академија кои годинава заминуваат во пензија.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе